11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски со раст на рејтингот од пет отсто, Заев најголемата поддршка ја има од албанските глачаси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има раст на рејтингот кај граѓаните од речиси пет проценти, споредено со мај годинава.

Податоците од анкетата која вечерва ја објави телевизија Телма покажуваат дека рејтингот на Мицкоски е 7,4 проценти.

Ваквите резултати покажуваат раст на рејтингот кај лидерот на опозициската партија. Во анкетата која Телма ја објави кон крајот на мај годинава, Мицкоски имаше рејтинг кај граѓаните од 2,9 процент.

Зоран Заев, е најпопуларниот политички лидер со 21,4 отсто од граѓаните кои се изјасниле дека имаат доверба во него. 14 процентни поени зад него е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во кого доверба имаат 7,4 отсто од граѓаните.

По Мицкоски следи Иванов со 6,12 отсто поддршка, по него Ахмети со 5,7, а петти е претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со 3,8 отсто поддршка.

Сепак, најголем процент или 39.9 од испитаниците одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар.

Голема поддршка за Заев доаѓа од етничките Албанци. Анкетата покажала дека Заев го поддржуваат 17,6 отсто од анкетираните етнички Албанци, а од етничките Македонци го поддржуваат 21,2 отсто. Заев е втор лидер по популарност кај Албанците, прв е Ахмети, а трет е Села.

На прашањето „доколку утре има избори за која партија би гласале“, најголема доверба севкупно има владејачката СДСМ, или 26,8 отсто одговориле дека ќе гласаат за социјалдемократите. За ВМРО-ДПМНЕ рекле дека ќе гласаат 21,5 отсто.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија кај Македонците, или 30,4 отсто од испитаниците кои се етнички Македонци одговориле дека ќе гласаат за оваа партија, додека 25,5 отсто од етничките Македонци одговориле дека ќе гласаат за СДСМ.

Во овој дел кај Албанците СДСМ има мала предност пред ДУИ со тоа што 27,5 отсто од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а 27,0 отсто за ДУИ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.