Мицкоски со сочувство до хрватскиот народ: Подготвени сме да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ и пред се како луѓе

Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Загреб. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка, напиша во телеграмата со сочувство лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијсан Мицкоски испратена до абасадорката на Хрватска во земјава Нивес Тигањ.

„За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе. Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес“ пишува во телеграмата Мицкоси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.