Мицкоски: Со ваквите политики се бркаат странските инвеститори, а македонските го селат капиталот во соседството

Доколку се продолжи со ваквата политика на бркање на странските инвеститори, сите странски инвеститори ќе ја заобиколат Македонија и она што е пострашно голем број на македонски компании ја напуштаат веќе земјата и одат во соседството, а тој тренд ќе продолжи, предупреди во четвртокот вечерта лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој гостуваше во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.

„За 2018-та година резултатите се уште полоши, затоа што бројката на реализирани капитални инвестиции е 65,5 проценти е веднаш по ребалансот каде практично една четвртина од планираната вкупна сума беше стратена, што значи дека историски најкатастрофално сме поминале, објасни Мицкоски. Тој вели дека проектниот менаџмент, односно неспособноста на оваа влада на СДСМ и ДУИ доаѓа до израз и се повеќе и повеќе ќе каскаме во тој дел во реализиацијата на инвестиции, а за нови инвестиции не сме ни слушнале“, истакна Мицкоски

Рече дека годинава до израз дошле вистинскиот капацитет на ДСИ во првиот квартал, а тоа дваесетина милиони евра, којашто според Мицкоски е „скромна срамежлива“ бројка којашто е убедливо најниска во регионот,