Мицкоски со виц за премиерот: Меркел, Макрон, Борисов, Јанша и Заев во авион

95

На вечерашниот митинг пред граѓаните во Македонски Брод, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше за пораките од вчерашниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо, Словенија и рече дека е јасно дека ЕУ со Заев Заев на чело на државава станува далечна цел, а односите со Бугарија никогаш не биле полоши.

Мицкоски пред граѓаните нагласи дека тој нема да пренесува поздрави, како што тоа синоќа го направи Заев по самитот, поздравувајќи ги на митинг на СДСМ присутните од Макрон, Меркел, Јанша и од Радев, туку, дека ќе каже еден виц за Заев за самитот на ЕУ.

– Јас нема да пренесувам поздрави, јас ќе кажам една шега која се кажуваше вчера меѓу луѓето, бидејќи велат духот на народот, цврстината и мудроста се состои во тоа човек да се насмее дури и тогаш кога тешки облаци надвиснале на нашите судбини. Се возеле во авион после Меркел, Макрон, Борисов, Јанша и Заев, кога наеднаш пилотот вели: „Авионот се расипа, мора да го напуштиме“. Арно ама, во авионот има само четири падобрани. Го зема падобранот Макрон и вели: „Морам да ја спасам Франција, не смеам да завршам вака“. После него истото и Радев го зема падобранот и вели: „Морам да ја спасувам Бугарија, не смеам вака да завршам“, па рипа и тој. Доаѓа редот на Зоран Заев зема и тој и вика: „Јас морам да ја спасам мојата држава“. Не вели Македонија бидејќи тоа му е забрането. Остануваат уште Меркел и Јанша. Меркел му вика на Јанша: „Види јас сум во години, еве ќе се жртвувам и за Германија и Словенија, земај го ти последниот падобран и спасувај се“. Јанша и вели: „Има два падобрани, бидејќи Заев рипна со својот ранец“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.