(ВИДЕО) Мицкоски: Соботка беше вчудоневиден од „трас, трас“ методот за носење на Законот за ЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарски прашања по средбата со претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка, а едно од нив беше за подршката Законот за јавно обвинителство, кој денеска е во посета на Македонија, за кој опозициската партија смета дека тој е донесен по насилен пат. Мицкоски беше прашан дали разговарале за оваа тема.

„Да разговаравме исто така му го пренесовме и „трас, трас“ методот за носење на Законот за јавно обвинителство, „се договорив со Јово“ и сличните методи како се носат овие закони, пренесовме дека тогашниот претседател на Владата не го негираше тоа однесување туку го потврди истото тоа однесување. За прв пат слушнал господинот Соботка, навистина бевме вчудоневидени дека ова беше за прв пат информација која што ја слушнал. Исто така за прв пат слушнал дека имавме повторено гласање, најпрвин 74 за потоа по некој чуден метод да се поништи тоа гласање па имаше 80 пратеника потоа. Беше видно изненаден од тоа што го слуша, истото тоа го пренесуваме и до другите дипломати за ова „трас трас3 судство и обвинителство кое што во моментов се случува во Македонија, како се гази и пали демократијата во Македонија. Така што останува на тоа да ние се бориме за вредностите за кои што сме се бореле сите овие години од постоење на ВМРО-ДПМНЕ да се бориме за вредностите на организацијата на ВМРО која што постои многу одамна така што е од наша страна ние сакаме само објективно и навремено пренесување на реалноста. За жал очигледно таа реалност не беше пренесена онака како што таа реалност постои во државата“, рече Мицкоски.

На следното прашање за несогласувањето со нотациите од европскиот извештај дека има напредок во сите  области, во реформите на судство и администрација, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна:

„Јас, пред се, сум универзитетски професор и педагог, и кога како човек го слушам она „трас трас“ се договорив, или овој знае, тој знае или пак она рекетирање кое што е поврзано со една веќе поранешна телевизија, верувајте ми дека не можам да седам мирен и да речам дека тоа е така, па каков сака нека е извештај. Тоа се вредности кои што јас не можам да ги поддржам и тоа е конечна и лична моја одлука како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да се спротивставам на  таквите лажни вести. Не можам да кажам дека е реформирано судството кога видовме како тоа се реформирало по методот „трас трас“ . Така не се реформира судство, не се реформира судство со 74 пратеника, па  потоа се поништува и се носи со 80 пратеници. Тоа е лош пример за моите и за вашите деца. Тоа е лош пример за генерациите кои што доаѓаат затоа ни се празни државата. Тоа не можам да го поддржам и никогаш нема да го поддржам.

Мицкоски одговарше и за програмските определби за реформи во судството и јавното обвинителство.

„Ударна ќе биде темата, број еден ќе биде за реформи во судството, правосудството, обвинителството и реформи во политичкиот систем, бидејќи куќата се гради од темелот. Ако темелот е разнишан ние можеме најубави проекти како  што и ги презентирам споредено со она што го презентира владиното мнозинство во моментот, односно владејачката партија СДСМ. Она што ние го презентираме за да биде здрава основа мораме да имаме здрав фундамент. А тој е здрав е ако имаме здрав и функционален правосуден систем. Огромна група на експерти работат, уште не е готов тој дел, последниот конечниот датум е 10 март кога треба да ја имаме конечната верзија за реформите кои што ги предвидуваме и благовремено јавноста ќе биде информирана за тоа за кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ планираме. Но секако не „трас трас“ судство, не Луј Витон обвинителство, не Сваровски судство туку вистинско судство во кое граѓаните ќе имаат доверба, а не судство во кое што граѓаните на анкетите ќе велат и ќе даваат оценка на анкетите ќе велат и ќе даваат оценка од 1 до 5, единица и не судство во кое што ќе се разочаруваат граѓаните и ќе ја напуштаат државата.

Навистина планираме сериозни и историски реформи пред се ослободување од влијанието на политичарите. Ако ме прашате зошто? Затоа што сме луѓе без концесија кои што влегуваат во оваа работа, немаме потреба да бидеме во владата за да нашите адвокати им даваат насоки на обвинителите и судиите за тоа какви обвиненија да пишуваат и какви пресуди да носат. Едноставно сме влезени затоа што ова е историски момент за оваа држава и за овој народ. Од оваа точка нема враќање назад. Не смееме да дозволиме ниту ден повеќе на СДСМ и Зоран Заев“.

Врховниот суд исто така апелира политичките партии да престанат со притисоци врз Врховниот суд. Мицкоски беше прашан дали се препознава дека е дел од онаа политичка елита која што се обидува да врши влијание врз судиите.

„Јас, да бидам искрен, не познавам никого од Врховниот суд, ниту, пак, со некого сум комуницирал во Врховниот суд. Ниту пак некој дошол до мене да комуницира, но слушнавме кој е тој со трас-трас методите, се договара вака или онака дека ќе важеле една судска одлука од тогаш до тогаш, дека тоа било важно за тоа. Засрамен сум што зборуваме за политичари кои што сакаат да ја водат најодговорната функција во оваа држава. За што зборуваме ние, за кави притисоци зборуваме, не треба да се генерализираат работите. Се знае кој е тој кој што вршел притисок. Еве нека каже еден Врховен судија кој што имал контакт со мене, еве веднаш сум подготвен да сносам одговорност, неофицијална, официјална порака или било што, еден врховен судија дали имал контакт со  мене или со некој близок нека дојде нека каже јас имав разговор со Христијан директен индиректен. Значи не постои таков. Јас не им ги знам ниту имињата на тие луѓе“.

На прашањето дали има услови за организирање на демократски и фер избори Мицкоски нагласи:

„Повторно ќе кажам, вчера се осуди новинар кој што беше критичар на власта, на дневна основа се напаѓа медиум кој што е критички настроен кон власта, се палат билборди со содржина критичка кон власта, имотот на најголемата политичка партија во државата е нелегално замрзнат. На дневна основа се вработуваат илјадници луѓе за да денеска слушнеме лицемерно како и се заканува на администрацијата дека десетици илјади луѓе ќе бркал ако дошол повторно на позиција за да одлучува за таква работа и можам низа на случаи да ги редам каде што има злоупотреби. Но, тоа нема да не спречи историски да ги поразиме на овие предвремени парламентарни избори и ќе се бориме до крај, ниту еден милиметар нема да се повлечеме. Но ако продолжат на ваков начин да се однесуваат да знаат дека ќе наидат на отпор, сериозен отпор, отпорот од народот, да не си играат со народот“.

За концепирањето на листите вели:

„Во вторник имаме Централен комитет, викендот горе доле ќе бидат познати пратеничките листи, привршуваат разговорите со коалицијата така што мислам дека ќе има јавноста можност веќе во вторник да ја има деталната содржина на предлог пратеничките листи, а секако ќе чекаме и Државната изборна комисија да ги потврди“.