Мицкоски: Списокот на стратешки соработници ќе се проширува

Тоа што како кадровско доекипирање го планирав и како претседател и го имав на располагање како алатка тоа беше презентацијата на овие 16 стратешки соработници кои што се надпартиски експерти и професори. Сакавме еден поинаков начин на функционирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ да покажеме, дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена и нема фрустрации од знаење, туку напротив му велиме добредојде на знаењето, дека сите оние успешни луѓе, сите оние родољуби, сите оние патриоти кои што сакаат да успее нивната држава конечно бидејќи она што денеска е секојдневие е навистина секојдневие темелено на неправда, ги повикавме, разговаравме со нив, го прифатија предизвикот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот Макфакс.

Мицкоски, нагласи дека списокот на стратешки соработници ќе се проширува во наредниот период укажувајќи дека тоа е суштинска реформа и дека овој пример треба да го следат сите политички партии, да се отворат партиите за знаењето и квалитетот а не за криминалот и партиски интереси на поедници.

Имаме голем број на експерти од Македонија, имаме експерти од македонската дијаспора, странци и тој список ќе се проширува и навистина сметам дека овој пример треба да го следат и останатите политички партии, се разбира доколку имаат човечки потенцијал за една таква реформа. Тоа е суштинската реформа, да ја отворите партијата и да му речете добредојде на знаењето и квалитетот а не да се ограничите на корупцијата, криминалот, партиските интереси,интриги превирања во рамки на партијата, објасни Мицкоски.