Мицкоски: Стоте дена на Владата ќе останат запаметени по легализација на марихуана, легализација на црни пари и интервјуто за БГНЕС

Вечерва на гостувањето на Инфомакс, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека програмата на СДСМ на овие избори беше кеш, пари на рака и лаги, со притисок, закани, уцени и картички и земање провизии.

-Ако ја погледнете програмата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори многумина ќе речат дека ова споредбено со ова е докторска теза, кај нив постои програма кеш, пари на рака, притисок, закани, уцени, картички, тоа е начинот на кој функционираат овие луѓе, ќе земат провизија и таа провизија ќе ја поделат пола за себе, пола во касичката  за следните избори за поткуп. Така функционираат вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека со таа програма со која излегоа на изборите во 2016 година споредбено со тоа што го реализирале од таа програма во овие четири години, не е ни пет проценти тоа спроведено и би се срамел човек да излезе на избори со 5% реализација на програма.

-Нивната матрица не е програмата, погледнете го последниот отчет што доцнеше неколку дена затоа што немаа што да кажат, кои три работи ќе останат запаметени во сто дена Влада, првата е легализација на марихуана, втората работа е легализација на црни пари и третата работа е интервјуто за БГНЕС каде што практично беше негиран целовкупниот македонски идентитет вели Мицкоски.