Мицкоски: Студентите ја напуштаат земјата – своето парче леб, својата кариера, ја градат во некоја туѓа земја

Студентите си заминуваат од Македонија – она за тоа што ние ги учевме, она за што ние ги обучувавме не можеме како Македонија да го користиме. Ја напуштија земјата и сега своето парче леб, својата кариера, својата професионална наобразба за жал ја градат во некоја туѓа земја, вели лидеорт на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски додава  ваква апатија никогаш не било во Македонија. Не излажаа,  не изневерија. Ветуваа живот донесоа чемер и јад.