Мицкоски: Свиркачи ни ги дадоа записниците од „Рекет“, а таму има имиња од власта!

На обвинувањата од премиерот Зоран Заев дека случајот „Рекет“ води кон Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата истакна дека нема да го тужи поради оваа невистина. Но, го предупреди дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донеле исказите кои се дадени кај обвинителката Вилма Русковска која што го води предметот „Рекет“. Како и нардебите за вештачење и резултатите од вештачењето.

„Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта“, рече Мицкоски.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе го набљудува развојот на настаните.

„Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој не сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста“, порача Мицкоски.