Методологијата за пописот ќе донесе непотребно до двојна операција, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи ја Методологија врз основа на која ќе се спроведе попишувањето на населението, домаќинствата и становите.
– Пет проценти се оние граѓани кои треба да се посетат теренски и да се посетат лично. Тоа се десетина илјади граѓани, што значи нема потреба од 30.000 до 35.000 попишувачи, туку доволно ќе бидат 300 до 400 попишувачи – смета Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека кога ќе бидат обезбедени терминалите за отчитување на отисокот на прстот голем дел од дубиозите, лагите, измамите кои што ќе се направат на овој попис ќе бидат откриени затоа што ќе се констатира дека тие луѓе во суштина не се во државата, а тоа како што рече, ќе се случи неколку месеци веднаш после пописната операција, на локалните избори.
– Најрпвин велат дека постојат бази на податоци коишто ги содржат параметрите коишто се потребни да дадат одговор на прашањето кое е резидентно население, а кое е населението кое изминативе година дена го одјавило своето живеалиште во Македонија, за потоа во вториот дел да велат дека попишувачите на терен ќе ја констатираат таа состојба – вели Мицкоски.