Мицкоски: Треба попис растoварен од политиканство, дијаспората се евидентира, а не се попишува

описот како статистичка операција не треба да се политизираат и да се спомнуваат проценти. Процентите се завршена работа, исто како и Охридскиот договор. Наша обврска е да реализираме реален попис врз кој ќе се базира изградбата на општеството и потребата на граѓаните на Република Македонија, вели Мицкоски во дебатната емисија “Клан дебата” на ТВ Клан.

Мицкоски додаде дека не може да се става во ист кош резидентното со нерезидентното население, бидејќи едните се граѓани кои творат во Република Македонија и плаќаат даноци на државата, а другите се луѓе кои што потекнуваат од Македонија, но не живеат тука. -Неоспорен факт е дека дијаспората е дел од македонското население, но тоа не може да се евидентира како резидентно. Токму затоа, дијаспората треба да се евидентира, но не и да се попише како и резидентното население во државата, истакна Мицкоски.

“Сведочевме на обиди од страна на одредени политички партии пописот да се политизира, односно наместо статистичка, да биде политичка операција. Такво нешто не смее да се дозволи, бидејќи исходот од пописот треба да влијае позитивно на сите граѓани во Република Македонија, а не да влијае на било чиви права, бидејќи правата на граѓаните на Република Македонија се загарантирани со устав”, вели Мицкоски.

-Имаше низа забелешки од страна на ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии, токму затоа се случи и онаа лидерска средба на која неопходно беше да се договориме дека не е време да се реализира попис во време на пандемија, уште помалку не попис кој би добил политичка димензија. ВМРО-ДЛМНЕ имаше одредени барања меѓу кои и апаратите за фингер принт, кој што Зоран Заев го прифати како сугестија, а потоа се договоривме и истиот да се одложи за месец септември, вели Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.