Мицкоски-Туск: Треба заеднички да се победи епидемијата, па потоа избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари телефонски разговор со Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск.

-Разговаравме за здравствената и политичка состојба на државата и регионот. Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се преземаат ад хок мерки без оддржлив ефект. Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните, посочи Мицкоски.

Туск за разговорот со Мицкоски објави на Твитер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.