Мицкоски уште еднаш го повика Заев на телевизиско соочување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот на протестниот марш во четвртокот вечерта во Скопје повторно го повика премиерот Зоран Заев на телевизиско соочување на аргументите.

Мицкоски повтори дека останува на ставот, Заев да ја избере телевизијата, времето и местото каде сака да зборуваат отворено.

И додека глумат сопатници, браќа и сестри, европејци и кога ќе ги повикаме како маж со маж да се соочиме пред вас и пред оние дома и пред македонската јавност и тие нека судат и пресудуваат и за жицата и за тендерите и за лагите и за предавствата и за капитулациите и за криминалот и за ветувањата кои што не се исполнети и за очекувањата кои што не се реализирани. Ќе речат не ние сега нема да полемизираме со опозицијата, зошто, затоа што ни е страв, ние сме јаки од внатре и со маските на глава, а да се покажеме никаде не нема. Бирај и место и водител и време, пред нова година јас и ти тет а тет да зборуваме отворено, му порача Мицкоски на Заев.