Мицкоски вечерва гостин во „Само Интервју“ на Канал 5

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ќе гостува во „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, каде што ќе зборува за актуелната ситуација во земјата и последиците од коронавирусот во Македонија.

Дали владата има „слух“ за предлог мерките на опозицијата?

Има ли Мицкоски „математички“ прецизна проекција, колку не’ „чинат“ владините мерки?

Што мисли опозицијата за „чеканот“ а што за „танцот“ ?

Може ли ликвидноста во ек’ на криза да ни донесе повисоки даноци на есен?

Опозицијата информира за отпуштени работници, а што велат фактите?

Дали укинувањето на државната матура за оваа учебна година ќе му помогне на образовниот процес?

Дали ВМРО-ДПМНЕ има проекции колкава ќе биде буџетската дупка ?

Како да се одржи стабилна „стаклената“ корона економија?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.