Мицкоски ветува голема победа преку маратонска борба и ги охрабрува новинарите

50

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Отворено“ на Алфа кажа дека суштински и темелно треба да се гледаат работите и дека не треба да се избрзува во одлуките.

Рече дека ги слушнал сите забелешки дека ВМРО-ДПМНЕ било пасивно и дека сите оние незадоволници, кои ги има многу повеќе од оние што беа години дена понаназад којшто порано го поддржувале СДСМ, дека ВМРО-ДПМНЕ го нема и треба да биде поактивно.

„Но, потребно е да ги имаме информациите којшат власта за жал во јавноста и некогаш и не се кажуваат, така што имајќи го предвид сето тоа јас тоа го напишав во мојот пост и пак ќе повторам а тоа е една победа во еден тежок маратон затоашто таа треба да биде голема победа. Победата не треба да биде победа којашто ќе остави простор за понатамошен постизборен инженеринг, тоа треба да биде победа којашто ќе забетонира една идна власт, реформска власт, власт којашто ќе ја донесе Македонија во подобри времниња, и власт којашто ќе ја одведе Македонија во подобри години“, потенцира Мицкоски.

По низата корупциски скандали во кои се вмешани високи државни функционери, истакна дека ги охрабрува новинарите да пишуваат за криминалите на власта и истите и понатаму да ги истражуваат. Со оглед на тоа што Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски истакна дека ќе тужи повеќе медиуми кои го обелоденија скандалот со тендерот за набавка на радарска опрема за М-НАВ, Мицкоски посочи дека опозицијата ќе формира солидарен фонд кој ќе служи за помош на сите оние кои ќе бидат жртви на како што вели Кацарска судството.

„Само човек којшто е немоќен практично, се заканува на начин на кој што тој го правеше. Така да, самите рековте, се заканува на новинари, се заканува на медиуми, се заканува на политички партии, се заканува на иституции итн. Еве јас можам да кажам од лично искуство, практично ние сме јавни личности и нормално е дека сме дел од оној хајд парк наратив на новинарите. Често пати и ја сум бил мета на невистини од страна на новинари Но никогаш на крај на памет не ми паднало да искочам на преск конференција или пак да се заканам или не дај боже да тужам некој новинар. Можеби лично би го поканил на разговор, да поразговараме и да презентирал докази дека тоа кое што го говори не е практично вистинито. Разочарувачки и тажно беше да се слуша оној примитивен напад на онаа прес конференција од вчера, оние закани итн. Јас еве апелирам до сите политичари да разберат дека без разлика која функција ја вршат се одредиле дека да бидат политичари, логично е да бидат на мета на јавноста. Логично е да бидат на мета на новинарските пера, некогаш ќе пишуваат вистините работи кои што нема да ни се допаднат, некогаш ќе ни се допаднат кога ќе не фалат, некогаш ќе има и невистини. Но ние едноставно како што кажав сме дел од тој Хајд Парк и ние мораме да се однесуваме достоинствено на сето тоа. Еве јас повикувам и комплетно застанувам во одбрана на тие новинари кои што се чувствуваат загрозени од овие закани од страна на господинот Рашковски, слободно би ги охрабрил да го истераат процесот до крај. Па ако треба еве и ние ќе формираме фонд солидарен кој ќе помогне при евентуалната штета која господинот Рашковски во ова Кацарска судство би ја добил, однапред знаеме дека ќе ја добие“, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.