Мицкоски: Владата го одби амандманот за ослободување од закупнина на сите кои останале без работа

Владата предводена од Зоран Заев нема слух за проблемите на граѓаните, ова денеска преку статус на Фејсбук го објавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој потоа додава дека поднесени се повеќе од 170 амандмани во Собранието на Република Македонија. Од досега разгледаните 12 амандмани одбиени се 11, а прифатен само 1.

-Владата го одби и амандманот поднесен за ребалансот на буџетот, да бидат ослободени од плаќање на закупнина до крајот на годината, сите оние кои останале без работа поради Ковид кризата, за општествените или социјалните станови, а закупнината да ја надомести владата, стои во неговиот пост на Фејсбук.