Мицкоски: Владата на Заев е делегитимирана

Граѓаните што бокјотираа и оние што гласаа против на референдумот се повеќе од оние што се изјаснија – „за“, рече во своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи за обиди за фалсификување на волјата на народот во некои општини.

„Бројките се немилосрдни. Јасно е какво е расположението на граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активностите за подобар живот на граѓаните. Оваа битка ја добија граѓаните на Македонија. Референдумот не успеа. Ова е голем пораз на Заев и неговата Влада. Тој треба да се подготвува за заминување во трајна политичка пензија“, изјави вечерва Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакна дека народот „е силен, не е скршен, ниту уцените, ниту малтретирањата на граѓаните. Власта е разобличена, разголена, немоќна…

„Наполнетите кутии во Сарај, во Бутел, во Струга и на други места не помогнаа. Не помогнаа ни локалните шерифи на СДСМ, директори и началници кои ги уценуваа граѓаните да излезат на гласање спротивно на нивната волја. Но, народот не им се плаши, ВМРО останува со народот и ќе победиме“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата на Заев е делегитимирана, дека имаме нова општествена реалност каде народот, Македонците, Албанците, Турците, Ромите… покажаа мудрост и не дозволија да бидат заведени.

„Власта го изгуби легитимитетот и треба да ја почитува оваа порака од народот. Тоа треба да го почитува и премиерот и Владата и Собранието и секој пратеник. Тоа што овој референдум не успеа, тоа е директна вина на Зоран Заев, на Владата и на никој друг. Договорот беше штетен, а  меѓународната заедница беше излажана. Им потонале сите бродови, а бога ми и тендерите“, рече Мицкоски и додаде дека 1,2 милиони граѓани кои се за ЕУ и НАТО кажаа дека се против промена на името и против договорот Заев-Ципрас.“, порача Мицкоски.

Оцении дека оние што излегоа да гласаат биле убедени во тоа што го кажуваа од власта, други беа донесени во заблуда, а добар дел беа подложни на притисок, уцени и закани и искажа разбирање за сите нив.

„Потребно е да застане времето на поделби, и Македонија да тргне напред. Поларизацијата меѓу народот е вештачка и е создадена од Заев, тоа ќе престане, а народот мора да се сплоти“, рече на крајот челникот на ВМРО-ДПМНЕ.

iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fvmromakedonija%2Fvideos%2F2197859340456167%2F&show_text=0&width=560″ width=”560″ height=”315″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowTransparency=”true” allowFullScreen=”true”>