Мицкоски: Владата нека го примени она што предлагаме, медицинскиот персонал голорако се бори против коронавирусот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирситијан Мицкоски, беше гостин во Вестите на МТВ 1 во 17 часот, при што истакна неколку работи поврзани со стојбата во нашата држава како резултат на коронавирусот.

Мицкоски исткана дека за четири дена во најголемата криза со коронавирусот власта потрошила 8 милиони денари за патувања, репрезентации и ручеци.

Пороа дека СДСМ имаат за цел во матното што повеќе да ги наполнат џебовите и да го злоупотребат трудот на лекарите во функција за својот пи ар.

„Владата нека го примени она што предлагаме, медицинскиот персонал голорако се бори против коронавирусот“, рече Мицкоски и праша:

„Дали се успеа во градбата на здравстото овие 29 години? Одговорот е не. Но тоа не е оправдување за неспособноста на Филипче“.

Од друга страна, Мицкоски се осврна и на предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев да се скратат платите на работиниците.

„Државата наместо да крати од работниците, нека помогне со подмирување на 50 отсто од бруто трошоците за секој вработен, и да се замрзнат кредитите“,порача опозисцкиот лидер Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да нуди проекти, идеи, предлози за тоа како треба да се справува со кризата и да го понуди сиот ресурс којшто го има на располагање.

„Ние не можеме со сила на некому да ми дадеме, ако тој не сака наша поддршка и помош. Дел од тие мерки на прва не ги прифаќаат поради суетата, па чекаат да поминат неколку дена па потоа дел од мерките ги прифаќаат модифицирано, за да не се каже дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го предложило. Само нека го применат она што го предложуваме, сите политички ловорики нека бидат за нив, сета слава нека биде за нив, сето она коешто мислат дека е добро да се примени, за да се заштити здравјето на граѓаните, затоа што почнаа луѓето да ни умираат“, вели Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.