Мицкоски: Владините проекти во енергетиката се на катастрофално ниво

Проектите во енергетиката се на катастрофално ниво, рече опоизицискиот лидер Христијан Мицкоски во гостувањето на телевиија Алфа, притоа посочувајќи го ветувањето за изградбата на хидроцентралите Чебрене и Галиште чијашто изградба Владата ја вети, за потоа ниту еднаш да не ја спомене.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во делот од неговото интервју посветен на економските состојби во земјта, искажа и сериозни забелешки и за гасификацијата којашто според Мицкоски него не се одвива со очекуваното темпо. Посочи и дека фотоволтаиците кои ги најавува Владата не вработуваат луѓе

„Ме прашавте за другите проекти во енергетиката, тие се сите практично на едно многу лошо катастрофално ниво. Се прекина, пред претседателските избори имаше еден состанок со меѓународната финансиска група ЕФЦ мислам дека беше каде што слушнавме од вицепремиерот дека само што не почнале Чебрене и Галиште да се градат, од тогаш не слушнавме ништо. Поминаа месеци, од тоа не гледаме дека ни Чебрене ни Галиште некој го повтори“, рече Мицкоски.

Посочи дека за модернизацијата на РЕК Битола и РЕК Осломеј не е посветен ниту еден пасус во енергетските проекти, а гасификацијата онаа секундарната и терцијалната мрежа која е многу значајна за граѓаните исто така гледаме дека воопшто не се ни споменува.

„Оставивме готова тендерска документација пред две години, беше поништена од страна на тогашната Влада која што еуфорично влезе и реши ова не го бива не чини. За сега за време на изборната кампања за претседателските избори да слушнам на вести дека се формирала комисија за секундарната и терцијалната гасификација по истиот принцип“, рече Мицкоски.

Според лидерот на опозицијата, Владата доживеала комплетно фијаско на полето на енергетиката. Мицкоски го спомена проектот на владата со фотоволтаиците, но посочи дека овој проект не вработува луѓе, а репроматеријалите кои се користат за изградба на истите не се од македонско прозиводство. Тој забележа и дека со текот на времето фотоволтаиците го губат својот коефициент на полезно дејство.

„Практично едно комплектно фијаско имаме на енергетски план и сега последно што слушнав е ова околу овие фотоволтаиците кои што ќе се прават, па се зборува за некаква премиум тарифа, па не знам што. Суштината е следна. Имаме трудовно неинвазивен проект, значи таму луѓе нема да работат. Сето она кое што ќе биде вградено е од увозна компонента. Слушнавте владата рече ние не препорачуваме од кого да се купи опремата . Значи сето тоа ќе биде од увозна компонента. Најчесто од исток. Трета негативна работа која што е карактеристична за овој проект е што овие фотоволтаиците го губат својот коефициент на полезно дејство,“, заклучи Мицкоски.