Мицкоски: Власта добро ги знае сторителите и нарачателите на крвавиот напад врз Палевски

Да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на крвавиот напад врз Љупчо Палевски, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“, порача Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.