Мицкоски: Власта ги нарушува условите за фер и демократски избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа, нагласи дека владата на СДСМ и Зоран Заев ги нарушуваат условите за фер и демократски претседателски избори.

Фер и демократски претседателски избори треба да се задолжителни и треба практично да претставуваат услов за Македонија дали ги исполнува условите и дали практично Македонија е општество кое што треба да биде дел од европските структури и од Европската Унија, бидејќи ако нас ни се повторат оние искуства кои што се случуваа за време на референдумот, кога гласаа луѓе за 2, 4 секунди, каде што имавме излезеност поголема од 95 проценти иако на тие изборни места излезеноста беше помала од 50 проценти во четири, пет изборни циклуси наназад. Ако гледаме дека ова што сега ни се случува практично претставува обезбедување на полпозиција за кандидатот некој што е предложен од страна на владејачкото мнозинство, како што се вештачки оние работни места, а гледавме и пораки кои излегоа на одредени портали од страна на премиерот како се вработуваат луѓето во Република Македонија, во државните во локалната самоуправа, вели Мицкоски.

Според него на само 45 дена од изборите, Владата и Министерството за земјоделие го кршат Изборниот законик со потпишување на договори за земјоделско земјиште како и и исплаќање на трансфери од државниот буџет.

Потоа, практично на 45 дена од денот на гласање вие имате потпишување на договори во рамките на Министерството за земјоделие за таканаречен закуп на земјоделско земјиште. Ако гледате дека на дневна основа имате трансфери, интервенционизам од страна на државниот буџет ќе видете дека целокупната трка на самиот почеток е дискутабилна. Тоа треба веднаш да престане, бидејќи истите овие луѓе кога беа опозиција исто така се спротивствауваа критикуваа за сега да го видиме нивното вистинско, двојно лице кога истото тие го надградија, го проширија и го практикуваат во Република Македонија.

Мицкоски, истакна дека и покрај сите овие нечесни работи, Заев и Пендаровски на 21 април ќе се соочат со пораз од страна на граѓаните на Република Македонија.

Не е чесно не е фер, но и покрај сето тоа народот на 21 април ќе му каже на Зоран Заев и неговиот кандидат што мислат за нив двајцата како тандем порача Мицкоски.