Мицкоски: Власта на кондиција сака да го фати народот, секој ден нов скандал – од магариња до криминални зделки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисија на штипска телевизија ТВ Стар каде што посочи дека Владата на Зоран Заев откако е на власт се повеќе и повеќе прави скандали, веќе граѓаните не знаат што да коментираат. Лошите потези на власта станаа нивен белег.

-Не знаеме што попрво да коментираме. Секој ден имаме се повеќе и повеќе фаули, јас не знам што повеќе да коментираме. Некако како на кондиција да не фаќаат, колку повеќе глупости прават, толку помалку имаме терен за коментирање. Затоа што било која нивна грешка да ја коментираме, излегува нова грешка. Дали магариња да коментираме, дали да коментираме сирења, дали да коментираме евро за евро, дали Луј Витон чанти, дали да коментираме други работи  – истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека граѓаните веќе не знаат што попрво да коментираат од скандалите на власта кои ги прави секој ден се повеќе и повеќе.

-Се чувствуваме навистина вчудоневидени од инспирацијата за погрешни потези на власта – нагласи Мицкоски.