Мицкоски: Власта надмено над народот, тоа е реалноста во Македонија (ВИДЕО)

89

Ова е реалноста во Македонија. Власта надмено над народот, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за вчерашниот инцидент меѓу градоначалникот Петре Шилегов и незаговолен граѓанин.

“На збор е супер, а во реалност нема ништо” е големата реалност која еден наш сограѓанин ја кажа пред скопскиот градоначалник, на што доби одговор „да не ме гласаш никад”. Ова е реалноста во Македонија. Власта надмено над народот. Ова е истата власт на Заев која велеше дека блескаме, а во реалноста блескаме по порази, сиромаштија и криминал. Но народот не може да го потплатат ниту излажат. Добро знаат граѓаните дека Заев е виновен, а одговорот на граѓаните стига на 12 април. Убеден сум дека оваа реченица на градоначалникот од власта ќе ја запамети секој еден граѓанин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.