Мицкоски: Власта не сака договор за Законот за ЈО, за да може да уценува и рекетира

716

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за неделникот Фокус, вели дека преговарачкиот тим на власта не сака да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, којшто, пак, ја решава судбината на СЈО, бидејќи тој веќе нема да биде алатка на СДСМ за уцена на политичари да бидат кадровска комисија во опозицијата, „дајте ми човек да му смислам дело“ и за рекетирање бизнисмени.

Договор за законот за јавното обвинителство имаше пред десетина дена, практично ставовите беа до толку приближени што извесен беше договорот во тој момент. Следниот ден преговарачката страна на СДСМ дојде на состанокот и почнаа да рециклираат теми од минатото. Еден од претставниците, ќе дозволите сега да не именувам поединечно, наметна прашање и теми што се однесуваа на 27 април, на 24 декември, па дури дел од соговорниците од преговарачкиот тим на СДСМ ги прашуваше како вие можете со ВМРО-ДПМНЕ воопшто да преговарате. Значи, една небулозна ситуација! И беше јасно дека тие всушност не сакаат договор, вели Мицкоски.

ФОКУС: А зошто не сакаат?

МИЦКОСКИ: Затоа што ако го изгласавме законот таков каков што го договоривме тој петок, тој закон повеќе немаше да биде алатка на СДСМ за уцена на политичари да бидат кадровска комисија во опозицијата, „дајте ми човек да му смислам дело“ и за рекетирање бизнисмени.

ФОКУС: Сметате дека рекет има во пошироки димензии, а не е само случајот „Рекет“. Имавте и прес некој ден, портпаролот објави дека некои податоци од УБК се користени да се рекетира одреден бизнисмен, па беше спомнувано некаква врска со малолетничка и сл.

МИЦКОСКИ: Ние поставивме прашања дали тоа што во јавноста се дискутира. и е предмет на јавен интерес, е точно или не бидејќи ако е предмет на јавен интерес, јас како граѓанин го финансирам СЈО, тогаш јавно поставуваме прашање дали определени лица заедно со определени структури со МВР ја злоупотребиле својата моќ, информации, и го искористиле тоа за да уценуваат, за да рекетираат…

ФОКУС: Имате ли докази за да покренете постапка?

МИЦКОСКИ: Сите граѓани во Република Македонија што доаѓаат до ВМРО-ДПМНЕ и кои пријавуваат случаи за притисок, за рекет и за уцени ги препраќаме онаму каде што треба тие случаи да се препратат, а тоа е во јавното обвинителство.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.