6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Мицкоски: Власта не се консултира со опозицијата, нема капитални инвестиции, нема нови болници, нема нови компјутери

Власта подготвувала петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, а стопанствениците очекуваат средба, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери“, посочува Мицкоски во кусата реакција на социјалните мрежи.

Опозицискиот челник потсетува притоа дека подоцна годинава треба да се одржат локалните избори, и ги повторува обвинувањата од ланските предвемени парламентарни избори дека претходните пакети мерки за помош во коронакризата биле смислени за поткуп на гласачите.

„Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира“, додава Мицкоски.