14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мицкоски: Власта свесно го уништува ЕЛЕМ за да краткорочно ја одржи цената на струјата која ќе расте

Во вечерашното гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека власта во овие моменти со единствен цел на краток период да ја одржи цената на струјата на исто ниво, свесно го уништува ЕЛЕМ.

Посочи дека овие очајнички обиди на власта да ја одржи цената на струјата на веќе постоечкото ниво нема да трае вечно, а кога тогаш цената ќе мора да порасне, поради Законот за енергетика кој владеачкото мнозинство го изгласа во Собранието.

-Цената на електричната енергија со носење на новиот Закон за енергетика е пазарна компонента и треба пазарот да ја одреди, така стои во законот. Со тоа што ЕЛЕМ има обврска определени проценти со текот на годините по пазарна цена да го снабдува унверзалниот снабдувач, тендер беше тоа во случајот ЕВН. И формираше нова компанија се вика ЕВН Хоум. Како се формира цената за домаќинствата и оние кои не се на слободниот пазар. Имаме фиксна маржа од МЕПСО тоа е високиот напон и имаме фиксна од овој универзалниот снабдувач во случајот ЕВН Хоум и сега треба да видиме колкава е цената на прозиводот кој што треба овие да го испорачаат дома, електричната енергија. И сега вели треба да е пазарна. И во име на тоа овој универзалниот снабдувач распишува тендер, го распишува тендерот за 1,7 цирка терават саати, или тоа милион и седумсто мегават часови. Пазарната цена на сите берзи во Европа е за тој профил околу 70 евра за мегават час. Но ако ја купеше универзалниот снабдувач по 70 евра мегават час електричната енергија, тогаш што ќе се случеше. Тогаш ќе се случеше граѓаните да добијат за 50-тина проценти повисоки сметки за електрична енергија. И тогаш што направија, му дадоа Владата мислење како сопственик на ЕЛЕМ, колку треба да има ЕЛЕМ цена на електрична енергија цена за таа да не се зголеми, 34 и половина и ЕЛЕМ ја понуди цената од 34,5 евра и таа околу два пати пониска од цената на електричната енергија која е пазарна. Две грешки прават. Ај што свесно ја оштетуваат компанијата, ќе ги потсетам на 353 став 5, ај што свесно овие кои што го потпишале сето тоа ја уништуваат компанијата. Во ред го сочувале социјалниот мир овие 6 месеци и ќе ја намалат добивката на компанијата. Ама не разбираат дека добивката на компанијата и вредноста се намалува со тоа што не инвестираат поради амортизацијата и депрецијацијата. Но ајде во ред не се вични до толку. И следните шест месеци истото ќе го направат за да купат социјален мир. Ќе дојдат избори, они мислат дека ако имаме социјален мир сите луѓе готово за Зоран Заев ќе гласаат па он ќе стане премиер. Ќе се изгрицка добвиката на ЕЛЕМ, после тоа како ќе го купуваат социјалниот мир, потоа ќе дојде пазарната цена на електричната енергија, кога граѓаните ќе треба двојно од сега, ако останат овие исти цени се 50-тина процени сметки за електрична поголеми од сега, вели Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.