Мицкоски: Власта тоне во криминал, а Заев вели ако ги сменам нема со кого да работам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 истакна дека владата на СДСМ и Зоран Заев тоне во криминал и корупција, а Заев го штити криминалот под оправдување дека доколку ги смени од позиција функционерите ќе нема со кого да работи.

„Грешка е да се даде 36 милиони евра тендер на фирма која постои само седум дена и да нема никаква одговорност за одговорните, а изговор да биде ‘јас не можам да ги сменам бидејќи немам со кого да работам’“, рече Мицкоски

Според него ова не е грешка туку катастрофа која може да ја прави само СДСМ и Зоран Заев, а на крај ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.