Мицкоски: ВМРО како организација со идеологија, иако не единствениот, е најзначајниот темел на македонската држава

Денес за прв пат во овие 30 години имаме соочување со огледалото, и целосната блокада за членство во ЕУ, а тоа само говори дека како држава немаме цели кон кои се движиме, посочи Мицкоски денеска во Битола.

„Не е суштината да решите проблем како со Грција, со кој подоцна ќе отворите 5нови. Не е главното да се откажете од се што е за вас значајно како народ и да кажете направив исчекор со Бугарија. Потребно е да се има мудрост, како што беа мудри и Глигоров и Кљусев, како што мудро се водеше политиката од експертската влада која ја застана на нозе земјата. И низ бури и премрежја не дозволија темелите да бидат разнишани.

Апатијата, затворениот круг ја одзема енергијата кај народот и го прави индиферентен кон сите случувања, кон оние кои владееја до транзицијата, но и оние кои им се продолжена рака, нивни најдобри синови и ќерки. И одбивам да влегувам во кампања на меѓусебни обвинувања, клеветења, расипани игри од кој полза имаат само оние кои ги ползуваат придобивките од власта, на еден нечесен и лукративен начин.

Сакам само да појаснам дека мојата нова генерација на луѓе кои се занимаваат со политика со мачнина гледа на обидите сите да не вовлечат во нивната игра на меѓусебни обвинувања. Тоа не е наша цел. Ние мора да направиме црта со минатото и со таквите луѓе и да ја направиме разликата.

Чувствувам должност да кажам зошто денес прославуваме 30 години независност токму во Битола. Тоа не е зошто сакаме да направиме паралелна прослава со Владата, туку затоа што ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта, и кога на власта и е поедноставно, поудобно, да ги гази дебелите килими во Собранието, да парадира низ Скопје, на ВМРО му е чест и поудобно да биде со народот.

Затоа што ќе потсетам ВМРО како организација со идеологија, иако не единствениот, е најзначајниот темел на македонската држава“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.