Мицкоски во Битола на средба со претставници на Регионалната стопанска комора

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со претставници на Регионалната стопанска комора.

На средбата која ќе се одржи во хотелот Кеопс ќе присуствува и  градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.

По завршување на настанот најавени се изјави од Мицкоски и Коњановски.