Мицкоски: Во францускиот предлог никаде не се споменува почеток на преговорите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа рече дека последниот предлог од Франција не ветува почетокот на преговори, тоа е само фотосесија во Брисел. Не се вели никаде отпочнување на преговори, туку дополнително уставни промени кои треба да ги вклучат бугарските барања.

– Нема шанси никогаш додека јас сум претседател, ако сум претседател со оваа преговарачка рамка да дозволам, тие да бидат вклучени и уставот да претрпи промени. Во оваа рамка, втората работа што треба да се каже е дека Договорот за добрососедство станува дел од преговарачкиот процес заедно со протокол кој никој жив не го знае. Ако ние не ги смениме учебниците утре, тогаш ќе речат дека го прекршуваат Договорот и тоа е тој протокол за да стават вето. Главниот играч е претседателот на Бугарија, Трифонов е политички играч. Радев е главен креатор на политиката и неприкосновен и сега го споредуваме со шоумен. Ако тој вели дека тој предлог е добар, зошто никој не се врати два чекори назад и да зборува за германскиот предлог во времето на Меркел или португалскиот? Дали треба да губиме време да размислуваме или дека треба веднаш да го отфрлиме. Ова е неодговорно од владата што молчи. Требаше да излезе со став. Си дозволи Макрон и владата да пратат предлог, а тој да не го усогласат со некои канали, а е прецизно усогласен со каналите на МНР според моите информации. После овој предлог не сме подготвени на ништо. Ќе се отвори патот за Албанија, а ние треба да исполниме уште некој услов. Бугарија нема барања кон Албанија, ама има кон нас – рече Мицкоски.