Мицкоски во интервју за НетПрес: Заев нека распише избори ако е убеден во својот висок рејтинг, со кој се фали на своите медиуми

1652

Во псоледниот трет дел од божикното интервју за НетПрес, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборува за состојбата во медиумите, за претстојниот попис, за политичките комбинации за ново парламентарно мнозинство, за коалицирање со некоја од партиите од албанскиот блок…

*Во контекстот на стандардите кои ќе ја приближат Македонија до нивото на слободите во развиените демократии, покрај владеењето на првото и економијата за кој зборувавме претходно во интервјуто, чувствително е и прашањето на слободата на говорот. Како ја оценувате состојбата во медиумитe во земјата?

Мицкоски: Катастрофална е состојбата во медиумите. Ваков медиумски мрак како сега што се случува и ваков притисок врз медиумите се нема случено. Пред извесен период, прочитав изјава од човек кој веројатно работи во кабинетот на Заев, дека повеќе немало нарачани вести и текстови… како што тоа наводно било порано. Мене лично, неколку новинари и главни уредници на медиуми ми имаат сведочено, дека токму ова лице е човекот кое ги нарачува вестите и дека токму тоа е лицето коешто им испраќа редослед на вестите за во дневникот. Не би навлегувал во докажување дали тоа е така или не, но ги пренесувам сведочењеата на луѓето дека токму тој е човекот кој се обидува да биде диригент на медиумите во Македонија. Секако не го прави тоа самиот, туку е резултат на налогот што му го дал неговиот претпоставен, односно Зоран Заев.

Но, како што сега е лоша ситуација во медиумските сфера, впрочем тоа го потврди и „Фридом Хаус“ ако не се лажам, во чиј извештај повторно сме прогласени за Хибриден Режим. Мислам дека никогаш не била полоша. Особено со оваа хајка што сега се води со рецензии на текстови објавувани во портали и на медиуми, кои објавуваат информации кои не одат во прилог на власта. Тогаш веднаш соросовите поданици на Зоран Заев се активираат, преку Метамофорзис и ги блокираат тие вести на социјалните медиуми. Зошто велам „соросовите“, па едноставно затоа што Сорос тука беше пречекуван небаре доаѓа императорот на Македонија, со специјални возила, со полициска придружба, ВИП државни третмани…

*Зоран Заев повикувајќи се на резултати од анкети рече дека СДСМ повторно е водечка партија во земјата и дека доколку во овој момент се одржат парламентарни избори би имала најмалку тројца пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Како гледате на овие анкети и ваквите изјави од страна на власта?

Мицкоски: Тогаш да пробаме да се обидеме на локалните избори есенва да организираме истовремено и предвремени парламентарни избори. Тоа е најдобриот тест да покаже Зоран Заев дека тоа што го тврди навистина е така. Претходно велеше дека СДСМ има водство од 6 отсто, па потоа излезе таа телевизија во кој двете партии беа израмнети според рејтингот, иако јас лично бев девалвиран и ставен на маргините на политичката арена во Македонија. Сега, пак, Заев вели дека имаат предност од 4 проценти.

За една-две седмици доаѓаат неколку различни бројки, а кои доаѓаат од СДСМ. Или нека направат зеднички именител на сите нив, па да се знае која е просечната вредност која тие бие ја посакувале, или да се охрабрат и да излезат на избори. Зашто политички е наивно да имате толкава предност, а да не го искористите тоа и да зависите од кревкото мнозинство во парламентот и да стравувате кој пратеник ќе влезе на седница. Нелогично е политичар кој е убеден дека има таква предност да не посакува да ја оствари и преку предвремени избори.

*Во тој контекст Заев изјави дека неговата Влада има поддршка од стабилно мнозинство во Собранието и нема потреба да се оди на предвремени избори. Од друга страна, Вие рековте дека контактирате со пратеници од коалицијата предводена од СДСМ.

Мицкоски: Би оставил времето да покаже како ќе се развиваат овие работи.

*Наесен доаѓаат локалните избори. Минатите ВМРО-ДПМНЕ катастрофално ги загуби. Како за претстојните ќе се активираат граѓаните за да се победи СДСМ?

Мицкоски: Секако со добри кандидати, теренска работа и обединување. Но, јавноста не треба да се залажува дека и следните избори ќе бидат фер и според сите прописи. Повторно ќе има полнење кутии, делење картички, пети-шести пакет веќе, уцени, притисоци и закани… Сето тоа што се случуваше на предвремените парламентарни избори помножено со два. Неодамна изборите за градоначалник на Штип беа генерална проба за тоа.

На тоа ќе одговориме со ширење на фронтот, мобилизација на гласачите, теренска работа и добри кандидати. Но еднаш кога ќе ги поразиме, ќе следи одговорноста за сите овие четири години. И потоа судбината на СДСМ е како на пример на ПАСОК во соседна Грција.

*Во процесот на освојување на власта, кај е неминовно прашањето на перцепциите колку одедена политичка опција од македонскиот кампус во дадениот момент може да соработува со партиите од албанската заедница. Гледа ли ВМРО-ДПМНЕ партнер во некој од партиите од албанскиот опозициски блок??

Мицкоски: Апсолутно да. мислам дека многу скоро денеска јавноста ќе биде сведок за една таква. 

*Може да ја окриете или…

Мицкоски: Не е толку сложено да се претпостави за која колаиција станува збор и за кои политички партии. Но, да почекаме. Не е завршено додека не се заврши.

 

*Во моментот се добива впечаток дека избирачкото тело е помалку заморено или пасивизирано, нешто што во секој случај и секогаш ѝ оди во прилог на власта. Како ВМРО ДПМНЕ ќе реагира во следниот период во однос на артикулирањето на евидентното незадоволство на граѓаните од сегашната власт?

Мицкоски: Ценам дека граѓаните се разочарани, граѓаните се преокупирани од ова политичко мочуриште коешто ни се случува веќе 30 години, во коешто тонеме од ден во ден. А, некако и се чуствуваат обесхрабрени, бидејќи не одиме напред, туку континуирано губиме. И кога сте дел од тоа политичко мочуриште, макар и како сведок, однадвор ги гледате работите коишто влијаат на вашиот живот, тогаш е нормално да се развие кај вас сево ова за коешто зборувам, и станувате полека аполитични, не гледате излез во моменталните политики.

Од друга страна, пак, имаме кампања на СДСМ во којашто велат дека сите се исти. Зошто велат дека се сите исти? Токму поради тоа што вие го кажавте, дека ако надвладее перцепцијата во јавноста дека се сите исти, тоа значи дека ова разочарување кај граѓаните ќе биде сѐ поголемо. И тие така разочарани ќе бидат рамнодушни, буквално, за кого да гласаат. Затоа ние како опозиција се обидуваме да покажеме и да докажеме дека не се сите исти дека ние сме многу поразлични од СДСМ не само како луѓе туку зборам и како политика и како маинстрим политика. И треба само да го споредите врвот на едната и на другата понуда. На едната понуда имаме аболиран политичар, човек кој го гледаме како бара мито „евро за евро“ кога беше градоначалник, човек кој за четири години буквално не направи ништо, се сеќавате ветуваше правда за секого, бројчаник на Триумфална капија… Видете и кажете дали од тоа што го зборуваше го реализирал? И би рекол, на спротивната страна универзитетски професор, човек кој е буквално бел лист хартија, кој нема за што да го нападнат па мораат да измислуваат, да тераат антикампања да монтираат сличаи како што беше тој со хидроцентралите, со теретаната итн.

И сега мислам едната со другата работа се буквално неспоредливи и затоа кога велиме има разлика и не се сите исти токму на тоа мислиме, дека не се сите исти дека навистина има разлика. Не се сите аболирани, фатени во криминал, не биле сите во можност да имале 4 години и да ветиле, а ништо да не направат. Има различни кои за многу пократко време ќе го испорачаат тоа што го ветуваат, затоа ние велиме дајте ни шанса да видите дека може ова поинаку и дека не се сите исти.

*Кои конретни чекори во таа насока на анимирање гласачите ги планирате во следниот период?

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ кога е во опозиција во отсуство на ресурси, невладеење со институциите итн. единствена начин е работа на терен и и со народот. За жал, поради пандемијата бевме спречени да имаме поактивна кампања меѓу народот, да се мобилизираме повеќе имаше период на изолација, вонредна состојба сега кризна состојба, мерки итн не можевме да работиме со сиот потенцијал.

Тврдам дека првиот ден кога веќе нема да постои опасност од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе даде отпор на СДСМ, па и пакетчиња и картички и што сакаат нека делат затоа што тогаш ќе бидеме во својата приородна средина на терен со граѓаните како народна партија. Тие се елитисти и тоа е голема разлика меѓу тие што се со народот и овие што го делат народот – едната се тие а на друтата сме сите ние народот.

*Во однос на претстојниот попис на населението, како цените дека власта го води овој процес?

Мицкоски: Скандалозно. Нетранспаренто и погрешно. Јас ги разбирам која им е целта, не е да спроведат статистичка операција туку асолутно политичка. Зошто? Затоа што еве ќе имате прилика да видите кои ќе бидат регрутирани да бидат попишувачи и голем дел од нив да не речам можеби сите ќе бидат дел од структурите на СДСМ и ДУИ, еве ќе видите. А, зошто? Затоа што тоа е платено по 300, 400 евра од човек,  тоа е добра основа за утре за локални, понатаму тоа е добра основа за мапирање на теренот каде се минува со пакетче, каде се проаѓа со коверт, каде не се минува со ништо, тоа е добра основа да може утре на локалните избори да се пуштат партиски луѓе да притискаат врз луѓете и да тргуваат со нивни гласови.

Затоа нив сега им е важно да се одржи пописот. Што ќе смени ако се направи една година подоцна, според препораките на ОН. како што тоа го направија многу поразвиени држави од Македонија, како Германија, Ирска а од соседството чинам Бугарија и Србија. Што ќе смени една година?

Тоа е првиот дел од тезата, вториот дел е што велат ќе бидњ статискичка операција со комбининиран метод теренски и електронски. Добро, доколку тоа е така, зошто тогаш потребата од двоен попис. Зошто мора резултатите на крај да ги потврдат директорот кој е предлог на СДСМ и неговиот заменик предлог на ДУИ кој патем речено ова се можеи неговите први месеци како вработен во Завод за статистика. Не ја гледам логиката, тогаш ако е електронска  да ги внесеме  матичните броеви да ги вкрстиме со базите, кои патем речено не знаеме кои се базите, и компјутер ќе ни го даде резултатот, бројка – толку луѓе се. Зошто мора да има два потписа?! Затоа што на крај има политички договор и чувството, недовербата е таква, не зборувам само кај Македонците, туку кај сите граѓани од сите етникуми постои недоверба.

Сега вие сте решиле на сила да туркате попис, а доверба не сте изградиле во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година, имаме време 2022 година како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ,  бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што еве јас ви гарантирам дека тие потписи значат политичка операција. Трето, за да докажеме кој е резидент бидејќи согласно Еуростат вие попишувате резиденти мора да бидат применети читачите на отисоци на прсти или тн. фингерпринти кои согласно новиот Изборен законик се предвидени да бидат дел од следните локални избори во октомври 2021 значи не е дополнителен троошок тие терминали секако мора да бидат набавени,  атака ќе знаеме кои се присутни кои се отсутни тука веќе лажирање, двоен потпис.

И конечно да сумирам доколку сето ова не биде прифатено, а засега на комисиска расправа ништо не е прифатено, продолжат со насилната процедура, злоупотреба на европското знаменце ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултатите, напротив жестоко ќе ги отфорли во периодот кој седи ќе работи на терен истите да ги девалвира, а доколу некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе повика на непопишување не е така зошто постои казна глоба од 300-400 евра, ние тоа не можеме да го направиме. И да повика ВМРО-ДПМНЕ теоретски дека целата глоба ќе си ја плати секој, тогаш дел од населението ќе се попише, дел нема и ќе има дисбаланс во резултатите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на терен жестоко да ги девалвира, нема да ги признае резултатите од овој попис затоа што не постои доверба. Ако Заев мисли дека треба да прифати попис кој ќе биде политички, а не статистички, каде ќе има мапирање за локаланите избори за да може утре да носат вакви или такви подароци, за да ги плати активистите кои работат на избори, тогаш и покрај препораките на ОН, тогаш тоа е негова одлука. Но тогаш и треба сите да сме свесни дека, па повторам пламените јазици што ги гледавте во „Глобал“ 13 години потоа, ќе ги гледате во Македонија ниеколку години подоцна доколку овој човек потрае. а сите да сме свесни за последиците. Затоа е потребно обединување, национално обединување без разлика кој ќе биде  дел од тој камп.

*Како го коментирате неодманешното групно фотографирање на целото раководство на ДУИ во новата зграда каде што ќе биде сместен секторот за политички систем кој го води првиот земеник премиер Артан Груби? Дали ги споделувате впечатокот на дел од јавноста како своевидно промовирање на паралелна Влада?

Мицкоски: Не гледам на тоа така. Сама посебе таа слика оддава перцепција на триумфализам. Но, јас ја гледам од една поинаква перспектива. Одат пред избори по луѓето, ги лажат, ја зголемуваат омразата кај Албанците кај останатите етнички заедници, најмогу кон Македонците. Ги злоупотребуваат чувствата на луѓето, се повикуваат на некои големоалбански државни творби, се повикуваат на наводни премиери, ќе освојувале територии и тн., а сѐ се сведува како што можеше да се види на обична лична привилегија, на луксуз и буквално ништо повеќе од тоа. Додека просечниот Албанец денеска мизерува, мака мачи како да мине од први до први во месецот или, пак, одлучува да ја напушти Македонија. Тоа е реалната ситуација во Македонија, злоупотреба на чувствата и емоциите на луѓето на сметка на друга етничка заедница, за привилегии, пари, луксуз и моќ. Така ја гледам оваа сликга. Што сакаа да порачаат тие: Ние моќните, ните сме богатите, а вие сте втората класа којашто мора нас да нѐ гласа, затоа што ние ги управуваме вашите животи. Тоа е главно социјалната порака од ова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.