18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Мицкоски: Во Кавадарци константно се реализираат проекти, очекувам тоа да продолжи уште позасилено, а новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи тоа

Задоволство е секогаш кога се посетува кога нешто се прави, кога има со што да се покаже разлика, споредено со тоа што не го прави владата, изјави денеска при посетата на Кавадарци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во Кавадарци навистина градоначалникот Јанчев прави исклучително големи работи, еве овој капитален проект донација како што бев информиран од 2 и пол милиони евра и е значаен за Кавадарци и кавадарчани, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Овде во Кавадарци навистина градоначалникот Јанчев прави исклучително големи работи, еве овој капитален проект донација како што бев информиран од 2 и пол милиони евра и е значаен за Кавадарци и кавадарчани, бидејќи не само во делот на безбедноста, туку и прифаќањето и наведувањето на атмосферските води ќе помогне со овој проект и нема да се случуваат онакви порои и немили настани како што се случувале во минатото, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека по формирањето на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираме уште повеќе проекти за кавадарчани и за жителите овде во Тиквешијата.

-Но, не е само овој проект, многу проекти се случуваат овде во Кавадарци, а јас очекувам дека така ќе продолжиме уште позасилено периодот што следи, а по формирањето на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираме уште повеќе проекти за кавадарчани и за жителите овде во Тиквешијата, додаде тој.

Така што задоволството е големо и јас секаде онаму каде што треба да имаме отчет пред граѓаните за тоа што сме го сработиле сме тука и сме секогаш на располагање, рече Мицкоски.