20.8 C
Skopje
четврток, јули 18, 2024

Мицкоски: Во Македонија не владее правото, тоа го потврдува назадувањето на World Justice Project, треба да дојде крај на овие политички измамници

Зошто македонските граѓани имаат чувство дека во Македонија не владее правото, туку владеат политичките елити на владата на ДУИ поддржана од СДСМ?

Одговорот на прашањето ќе го добиеме со едноставна споредба на индексот на владеење на правото во 2015 година и 2022 година, изработен од World Justice Project (WJP).

Што е World Justice Project (WJP)?

Имено, World Justice Project (WJP) е меѓународна организација, дел од граѓанското општество, многу влијателна и има цел да работи на јакнење на владеењето на правото во светот. Како резултат на работата на (WJP) еднаш годишно се објавува индексот на владеење на правото, кој претставува алатка за квантитативна анализа до кој степен земјите во светот се придржуваат во владеењето на правото во пракса.

Македонија во 2015 година била на 44 место (слика 1), а во 2022 година 63 место (слика 2).

Во Македонија со оваа влада нема владеење на правото. Владата не може да решава проблеми, затоа што оваа влада е проблем.

Имаме план, знаеме како да го вратиме владеењето на правото, а не владеењето на малкумина политички измамници. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.