Мицкоски во посета на Мокриево: Оваа власт единствено стана рекордер по криминал, сиромаштија и назадување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Мокриево во Ново Село каде се сретна со жителите на ова населено место.

Луѓето од Мокриево Ново Село живеат лошо. Нема човек кој се занимава со земјоделие, а да не се жали.Се она што беше ветувано од власта сега го заборавија. Оваа власт единствено стана рекордер по криминал, сиромаштија и назадување.

И како да ова не беше доволно, власта сега им наметнува нов проблем на жителите на општината неоткажувајќи се од намерата за отворање на рудник.

Ние сме против отворањето на рудникот во овој крај, кој доколку се случи тоа и помине манипулацијата која ја прави власта ќе биде на штета на овие граѓани пред се на нивното здравје, и самиот начин на кој се турка оваа идеја се прави на начин кој не е честит и не е коректен.

Потребна е правда и честитост и тоа е нашата битка, да обезбедиме правда за сите граѓани и напредок, стои во Фејсбук статусот на Мицкоски.