Мицкоски: За 4 дена најголема криза со корона вирусот потрошиле 8 милиони денари за патување, репрезентации и ручеци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес во своето гостување о Ветсите на Македонската радио телевизија посочи дека власта не може да се справи со корона вирусот, па ја обвинува опозицијата.

„Денеска прочитав изјава каде што СДСМ вели дека тие се бореле со пандемијата, а ВМРО-ДПМНЕ правело паника, па еве им ја користам оваа прилика да им одговорам на нивната небулозна изјава. Она за кое што најмногу се борат функционерите на СДСМ е што повеќе да ги наполнат џебовите во оваа матна ситуација и втората работа е да ја злоупотребат практично искреноста на граѓаните, довербата во докторите, во полицијата, во Армијата за да создадат личен ПИ-АР дека еве они се тие кои што всушност се борат заедно со тие лица, а всушност ништо не направија“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, единствен кој што покажал грижа и целосна посветеност за спречување на ескалацијата со пандемијата е министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој што вршел контроли и посети на граничните премини, контрола на полицискиот час, како и контрола во општина Дебар која што беше жариште на пандемијата.