6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мицкоски: За 5 години владата на СДСM го зголеми јавниот долг за 2,916 милијарди евра

Анализа на јавниот и државниот долг!
Во периодот од 1ви јануари 2018 година до 31ви декември 2022 година, за пет години владата на СДСМ го зголеми јавниот долг од 4,787 милијарди евра на 7,703 милијарди евра, или за 2,916 милијарди евра, а државниот долг за истиот период е зголемен од 3,958 милијарди евра на 6,581 милијарди евра, или за 2,623 милијарди евра. Зголемувањето на јавниот и државниот долг во последните пет години е поголемо од зголемувањето на јавниот и државен долг за периодот од претходните четиринаесет години, од 1ви јануари 2003 година до 31ви декември 2016 година, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-За пет години успеаа да го зголемат јавниот и државен долг повеќе отколку претходните влади за четиринаесет години. Криминал и корупција. Тендери во четири очи. Пљачка и лаги. Потребни се избори за Македонија да почне да победува. Потребни се избори за крај на политичките криминалци и измамници, додава Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.