Мицкоски за Илинден во струшко Ташмаруништа

По повод утрешниот државен празник 2-ри Август – Илинден, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го посети с. Ташмаруништа (Струга).

Од партијата најавуваат дека Мицкоски ќе присуствува на настан по повод државниот празник Илинден, а ќе одржи и говор.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, во состав од членот на ИК Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, со почеток во 12 часот ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен, Крушево.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав од пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, со почеток во 10 часот ќе положи свежо цвеќе на меморијалниот центар Пелинце.