Мицкоски за куќниот притвор на Јанева: Заев вети дека ќе го отвори судството како пупка… секој ден гледаме на што мислел!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук по денешната одлука на Апелација притворот на Катица Јанева биде заменет со куќен притвор.

„Зоран Заев вети дека ќе го отвори судството како пупка… секој ден гледаме на што мислел. Што е со инспираторот за Рекет, или тука на неколкумина ќе запре се? Што е со парите од куферот, што е со предупредувањето до обвинетите дека се пријавени, што е со многу прашања на кои јавноста нема одговори. Многу поминавме уште малку остана. Правда ќе има и таа ќе важи за сите. Доаѓаат и одговорите на дилемите. Обновата доаѓа!“, напиша Мицкокси на својот Фејсбук профил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.