Мицкоски: За мене политиката не е пазар, туку мудрост и филозофија

28

За мене политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случуваше во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определна точка која ќе го поврзе со програмата што ја нуди таа политичка опција. Врз основа на разговорите и на луѓето во кои бескрајно верувам и се дел од пратеничката група „За обнова на Македонија“, не сметам дека постои некој што ќе ја поддржи програмата на Заев, која би била програма за работа на идна влада предводена од СДСМ, рече денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по конституирањето на новиот собраниски состав.

Одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето, Мицкоски уште еднаш изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, која, како што истакна, треба да биде реформска, со јасен план и визија за справување со предизвиците.

Мицкоски најави дека во периодот што следи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зачести средбите со политичките партии кои се дел од сегашниот парламентарен состав, но не само со оние од албанскиот блок, туку и со оние од коалицијата на СДСМ. Можеби и тие, рече, ќе ја препознаат реформската програма на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржат.

Искуствата од претходниот парламентарен состав, оцени Мицкоски, не може да бидат применети од овој состав.

-Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Да, на оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згорзување ги одбја. И јас со згрозување одбивам да коменитрам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија , а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека со Заев единствено се согласува дека е потребно формирање стабилна, реформски ориентирана влада, без коруптивни афери, во која ќе партиципираат луѓе необременти со коруптивни афери и криминал, која ќе ги спроведе реформите и на која притоа приоритет ќе и бидат судтсвото, здравството и образованието.

Во однос на претстојните преговори, рече дека координација засега немале, се координирале, како што бил информиран, само кориднаторите на пратеничките групи од претходниот собраниски состав.

На прашањето за ДПА, Мицкоски одговори дека Мендух Тачи своеволно ќе одлучи која програма ќе ја поддржи.

-На состаноците што претстојат очекувам Тачи да донесе вистинска одлука, дали ќе остане во опозиција, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оваа прилика се извини за квалификацијата што претходно ја кажа Зоран Заев, кога, обраќајќи се на еден од новинарите му рече дека работи за „провладин медиум“.

-Првпат слушнав дека имало и провладин медиум. Згрозен сум од таквото обраќање. Јас во негово име се извинувам за таквото недолично однесување, истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.