Мицкоски за немањето на вакцини: Не знам зошто Филипче му треба да му слугува на Заев, најнеспособноиот министер во историјата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со здравствени работници, на прашање во врска со најавите за доцнењето на вакцините во Македонија, му порача на министерот Филипче да не се препелка и што побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот.

– Не можам уште да го разберам овој помлад колега бидејќи е и тој на Универзитетот зошто дозволува толку да се препелка и да се бојадисува со глупости, да му слугува на Зоран Заев, зошто му е сето ова потребно на отворена сцена вака да се бламира, не можам да го разберам и да не се чуди после тоа ако народот стави знак на равенство помеѓу него и Зоран Заев, да не си го поставува прашањето што ми требаше ова еден ден затоа што честа и образот се најважни во животот, кога ќе ги изгубите честа и образот тогаш сте изгубиле се, истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача на министерот Филипче што побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот.

– Јас само можам да му порачам како помлад колега во академски стаж не во години, во години иако во години сме тука некаде, нема потреба да му слугува на најкриминалниот и најнеспособниот премиер на Балканот и во Европа. Престанете да се препелкате и престанете да го загрозувате здравјето на граѓаните, не ве бива заминете си веднаш. Помина и нова година помина и Божиќ поминаа и Водици помина и кинеска нова година ќе почнат велигденските празници ќе дојде и Велигден а ние сеуште ќе се занимаваме со глупостите на Зоран Заев и оваа влада на СДСМ. А луѓето за жал го губат својот живот и луѓето се полни со трауми коишто го поминале КОВИД- 19 вирусот. Така што еве му порачувам на овој помлад колега во академската средина помлад колку побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот толку подобро за него и ќе задржи барем мал детал од честа и достоинството коишто се надевам сеуште ги има,рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.