Мицкоски за ретиририрањето на Пендаровски за референдумот: Очекував да го смени ставот, покажа колку му значи државатa

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Канал 5 во однос на ретерирањето на изјавите за референдумското изјаснување за преговарачката рамка со Бугарија од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека воопшто не е разочаран бидејќи како што рече ставот на Пендаровски не му значи, како и дека единствено што покажал Пендаровски со ова е дека e „поданик а не државник“.

„Би бил разочаран од  став на човек чие што мислење ми значи. Имајќи во предвид дека ставот на претседателот Пендаровски мене воопшто не ми значи не можам да кажам дека сум разочаран, едноставно само го чекав денот кога ќе го направи ова салто мортале“, рече Мицкоски.

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека по изненадувањето од првичниот став на шефот на државата, сепак, очекувал дека Пендаровски наскоро ќе ги промени позициите во врска со ова прашање.

„Го чекав тој ден кога ќе добие насока практично од државник се претвори во послушник и ќе се врати на оригиналните позиции коишто ги имаше пред да го даде тоа интервју во еден неделен весник којшто навистина не знам како успеал да му протне таков став. Но еве се коригираше, па да сумирам: би бил разочаран од некој чијшто став ми значи. Но имајќи предвид дека неговиот став воопшто не ми значи,  можам да кажам дека не само што не сум разочаран, туку уште еднаш на отворена сцена пред граѓаните кажа колку згреши“, заклучи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.