Мицкоски за утре најави протести во 20 градови

200

Вкупно дваесет градови во земјава се на мапата за протести што вечерва ја објави опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, посочувајќи каде ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи утре приквечер антивладините протести.

„Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата.
Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна. Утре протест во 20 градови низ Републиката и блокада на Владата, МНР и Министерството за правда“,

напиша Мицкоски на фејсбук, по завршувањето на вечерашните протести во центарот на Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.