Мицкоски за заканите по живот на тетовецот: Кој сака да ја убие вистината и кому тоа му одговара?

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку фејсбук статус се огласи во однос на сведошството на тетовецот за пожарот.

Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент.
Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.
Прашањето е кој се заканувал?
Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?
За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.
Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“, напиша Мицкоски