Мицкоски: За Законот за јазици ќе се преговара согласно Уставот и препораките на Меѓународната заедница

101

Во случај ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите во преговорите за коалиција со партиите од албанскиот блок Законот за употреба на јазиците ќе се дискутира преку заклучоците на Венецијанската комисија, рече во денешното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Доколку некој бара тоа да биде испорачано, треба да биде согласно Уставот, бидејќи веќе има иницијатива пред Уставниот суд, да се произнесе тој Уставен суд, согласно законите и препораките на Меѓународната заедница“, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.