Мицкоски: Заев ќе се откаже од сите соработници за да се спаси себеси

Премиерот Зоран Заев е во состојба да се откаже од сите само за да се спаси себе, а според шпекулациите специјалната обвинителка Катица Јанева е следната против која ќе биде поднесено обвиение за случајот „Рекет“, но и за некои министри и функцинери за кои има сомнеж дека биле вклучени во овој и многу други скандали порача претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата во партиското седиште во петокот.

Опозицискиот челник оцени дека Заев е „на колена, октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија“, и додаде дека во новото обвинителство за кое преговараат со владејачката СДСМ сигурно нема место за челничката на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, која е инволвирана во случајот „Рекет“.

„Криминалот од вакви размери не е можен без поддршка од Зоран Заев. Катица Јанева не е во притвор а може да избега, може да влијае на сведоците и како прв човек на СЈО да го повтори делото. Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод. Зоран Заев е свесен дека Меѓународниот сојуз на еден од обвинетите важи на извесен начин на чедо на СДСМ. Сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на изнуда и рекет. Заев е во состојба да се откаже од сите само за да се спаси себе. Некои велат Катица е следната, но тоа треба да продолжи со Кики и Фрики, со министри и функцинери за кои има сомнеж дека биле вклучени во овој и многу други скандали. А тоа за граѓаните во Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода. Некои велат дека нема тука застане. Никако да дојдеме до главниот а тоа е оној што го осмилил и аминувал тој криминал. Сега е јасно зошто е предлогот на Заев за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоуптреби. Е таков компромис со правдата што ќе произведе неправда нема да помине“, рече Мицкоски.

Праша какви докази крие семејството на еден од осомничените, кој сѐ е вкчуен во таа „белградска врска“ на мешетари платени со македонски пари, кои се луѓето кои се офајдиле од „куфер политиката“, како и на што се должи заострувањето на политиката кон Катица Јанева.

„Немаме правна држава затоа што ја убија и ја погребаа. Падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи, туку кога. Народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја урне оваа власт и ќе донесе правда“, рече Мицкоски

Одговарајќи на новинарско прашање посочи, исто така, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи Катица Јанева и нејзините соработници да станат дел од новото обвинителство. Мицкоски рече дека во новото обвинителство треба да има место и за нови кадри и докажани правници.