Мицкоски: Заев и владејачката коалиција еднаш не застанаа во одбрана на националните интереси, се надевам ќе најдат храброст да ја поддржат Резолуцијата

27

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната изјава од Битола, во врска со неприфаќањето на предложената Резолуција во Собранието од страна на албанските партии, истакна дека Зоран Заев и коалицијата од Владата еднаш не застанале во одбрана на националните интереси, и се надева дека ќе изнајдат храброст да застанат зад македонските интереси и да ја поддржат Резолуцијата во Собранието.

– Жалам што одлучија да бидат пиони на Зоран Заев и СДСМ и практично Зоран Заев и СДСМ наместо директно да им го соопштат на граѓаните, одлучија преку коалициските партии тоа да го сторат, жалам што еднаш не најдоа за храброст да застанат во одбрана на македонските национални интереси – истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека за нашите соседи не постои попосакуван од Зоран Заев, затоа што тоа што е во интерес на македонскиот народ за него е на дното од скалата на приоритети, а секогаш прв приоритет претставуваат интересите на нашите соседи.

– Се надевам дека во четврток Резолуцијата ќе биде дел од собраниската дебата и таква каква што е без никакви измени ќе изнајде храброст еднаш СДСМ и Зоран Заев во името на единството на македонскиот народ да ја поддржат таа Резолуција – порача Мицкоски од Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.