Мицкоски: Заев мораше да си поднесе оставка за лошото управува со здравствената криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по прес конференцијата беше прашан кој е неговиот став за здравствената криза и изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да сноси одговорност.

„Страшно е кога човек нема да знае кога греши. Велат на човек не можеш да му дадеш со сила, може со сила да му земеш. Не можеш да ги натераш луѓето да се соочат со сопствената одговорност. Очигледно е дека кај тие луѓе не постои ниту морал, ниту било какво чувство. Излегоа вчера, го слушам ‘политикологот’ (челник на Комисијата за заразни болести Жарко) Караџовски, вели дека не барале одговорност од германската канцеларка Ангела) Меркел, не барале одговорност од (британскиот премиер Борис) Џонсон, што не е точно. Семејствата на луѓето кои што изгубиле некој близок ќе го тужат и покренуваат судски спор против Борис Џонсон, но еве не знае, иако сака многу да се занимава со политика“, рече Мицкоски.

Додаде дека најмалку што требаше некој да направи е да понесе одговорност.

„Најмалку што требаше е наместо да зборува во трето лице еднина, вчера Зоран Заев требаше е да понесе одговорност. Но, за жалм тоа го прават свесни луѓе, државници, патриоти кои си ја сакаат својата држава и својот народ. Очигледно дека кај овие луѓе тие чувства ги нема и отсуствуваат тие карактерни особини“, нагласи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.