Мицкоски: Заев не е во состојба некого да повикува и условува

Зоран Заев не е во ситуација никого и за ништо да повикува. Зоран Заев не е во состојба ниту да поставува услови, ниту пак да диктира темпо, тоа е човек кој сега единствено си го планира времето по поразот и како тој пораз помалку да му наштети, ако тоа е воопшто можно, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Експрес.

-Што се однесува до докази, информации или некои тврдења кои ги изнесов, па на кого да ги предадам, на ова Русковска обвинителство кое Катица не ја става во притвор, а Заев неформално го амнестира? Ви се молам да говориме за посериозни работи. Еве во оваа прилика ако Зоран Заев и луѓето од власта се подготвени јасно и прецизно ги повикувам да одговорат:
Дали е вистина дека лично обвинителката Јанева ја има во разговорите со првообвинетиот кои се предмет на истрага?
Дали самата Катица Јанева се фалела дека и другите обвинители од СЈО се под нејзина целосна контрола?
Дали е точно дека силата на Катица Јанева доаѓа токму од премиерот кој во една прилика охрабрувајќи и вели “Не се секирај се ќе биде во ред”?
Дали е точно дека при средба во домот на првообвинетиот заедно чест гостин е висок функционер од редот на СДСМ, во друштво со специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и во тој дом се договараат обвиненија и понатамошни постапувања по тие обвиненија?
Дали е точно дека политичка заштита на пипците на овој октопод се високи функционери од врхушката на власт, од редот на СДСМ, во јавноста познати како севдонимот Фрики и Кики, а се со цел да обезбедат дополнителни финансиски и други бенефити за себе и за останатите кои што се денеска во притвор?
И на крај, дали е вистина и дека други лица, на начин како што сега се обвинети овие двајца, си завршиле работа со обвинители од СЈО и врхушката од власт за непокренување на обвинение?
На овие прашања очекувам одговори, а не замајување на јавноста, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.