Мицкоски: Заев од опозиција ветува студентски град, а кога е на власт студентите живеат во руинирани домови

Неправда е кога актуелниот премиер Зоран Заев кога беше во опозиција ветуваше градње Студентски град, а кога е на власт студентите живеат во супстандардни услови и руинирани домови, рече во петокот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на предизборниот митинг во Демир Хисар и порача дека овие избори не се само претседателски,  туку почеток на крајот на „заевизмот“ и неговото криминално владеење.

„Овие избори не се само претседателски избори, со овие избори браќа и сестри, драги мои ние ќе ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори. Не затоа што му веруваме на Зоран Заев туку затоа што веднаш откако ќе ја зачуваме и одбраниме честитоста на институцијата претседател на Република Македонија и ќе победи професорката Гордана Силјановска Давкова“, рече Мицкоски.

Истакна дека владата на СДСМ и Заев во опозиција им ветувале многу проекти и мерки на граѓаните, но сега од позиција не исполниле ништо, односно како што нагласи тој неправдите ги има од најмладите до највозрасните. Посебен акцент стави на младите во Република Македонија, потенцирајќи дека Заев им ветувал младинска гаранција и поквалитетно образование, но и тие биле изманипулирани и излажани при што младите биле принудени да си одат од државата.

„Неправда е кога како опозиционер ќе има ветувате на младите, младинска гаранција, реновирани студентски домови, студентски град, поквалитетно образование, а денеска студентите живеат во супстандардни услови и во оние руинирани студентски домови. Неправда е кога велите дека ќе донесете домашни и странски инвеститори, а ги полниме фабриките по Западна Европа, Канада, САД, Австралија… со инжинери од Македонија. Пет од мои десет дипломци одлучуваат да ја напуштат Македонија. Тоа е неправда“, додаде Мицкоски.

На крајот Мицкоски побара поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, посочувајќи дека повторно ќе изгрее зората на слободата и ќе донесе правда во Република Македонија.