Мицкоски: Заев постигна договор со Грција за да биде премиер и да се спаси од затвор и за да има тендери во 4 очи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш повтори дека договорот од Преспа со неговата содржина и начинот на кој што се создаде тој договор е поразителен за Република Македонија и за Македонците.

Ова тој го посочи при своето гостување во дебатната емисија на Клан Македонија, притоа додавајќи дека преспанскиот договор е анационален каде е одземено националното достоинство и уништена е националната гордост.

Според Мицкоски причината за промената на името е Заев да не заврши во затвор поради случајот Поткуп и промената на Законот за јавни набавки за да можат да се склучуваат тендери во четири очи.

Начинот на којшто тој договор се случи, начинот на кој што се водеа преговорите, начинот на кој што се создаде тој договор, неговата содржина е поразувачка за Република Македонија и за Македонците. И за тоа немам никаква дилема. И јас сега можам да ви дадам многу различни примери. Како би реагирале Албанците во Албанија ако се смени името на државата? Како би реагирале и ако им речат не сте вие веќе Албанци? Како ќе реагираат? Еве јас ќе ви кажам. Многу лошо. Многу лошо ќе реагираат, така што тоа што се случи е комплетно анационален потег, одземено е националното достоинство, уништена е националната гордост и направени се отстапки кои што никој претходно ни одблиску не се осудил да го направи тоа што го направи Зоран Заев. И тоа го направи ради две работи. Првата е да биде премиер за да може да се спаси од сигурен затвор, поради случајот поткуп кога како градоначалник на Струмица бараше поткуп. И втората работа е, да може да го смени Законот за јавни набавки и да може да врват тендерите во четири очи. Тоа се двете работи, вели Мицкоски